(ВИДЕО) СДММ Штип: Безброј се неисполнетите ветувања на Захариев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, ветија многу за младите, но ништо од тоа не е реализирано, порача денеска Трајче Стојчевски, портпарол на ЛК СДММ Штип, на прес-конференција пред СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип.

– Захариев вети дека ќе ја санира и реконструира постојаната трибина на спортската сала 2014 – 2015 година. За месец ипол завршува 2015. Реконструкцијата не е ни почната. Трибините се стари, учениците се уште вежбаат на изгниен паркет, во студена сала, со разрушени соблекувални. Захариев вети за истиот период, 2014 – 2015, надградба на кат над работилниците во училиштето Коле Нехтенин, за потребите на СОУ Димитар Мирасчиев. Учениците од Текстилното училише се уште ја следат наставата во старите и непогодни простории – посочи Стојчевски.

Тој вели дека најголем дел од спортските училишта користат нереконструирани спортски сали, а изградбата на уште една училишна спортска сала уште е нереализирано ветување.

– Градоначалникот Захариев вети за истиот период 2014 – 2015 и изградба на една нова училишна сала во градот. И ова е уште една лага. Најголем дел од штипските училишта користат стари и нереконструирани спортски сали, за чиешто одржување граѓаните плаќаат големи суми пари. Доградбата на ООУ Славејко Арсов, во населбата Баби, според најавата на градоначалникот Захариев требаше да биде готова лани. Повторно лага. И овој проект не е ниту започнат. Учениците учат во старите и студени училишни простории.

Ова се мал дел од неостварените ветувања на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев. Младите на Штип велат крај за катастрофалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и нивните извршители – порача Стојчевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа