Ова не смееше да се случи, не само поради дрвјата. Овој парк претставува бришење на старата скопска традиција на Скопје.
Оваа седница тука ја одржуваме да не чујат граѓаните, но за жал веќе 5 дена, нашите колеги од ВМРО-ДПМНЕ молчат. Пет дена ги повикуваме да кажат нешто, рече на вонредната седница на општина Центар советничката Саша Гошева Сашек.
Преку соопштение добивме информација дека се гради заради заштеда на кирии, мораше ли тука, немаше друга локација? И ние сме за градење, но не со уништување на зеленило. Граѓаните на центар имаат многу прични зошто ова место не смееше да се уништува. Овие исечени дрвја говорат за сечењето на нашата слобода. Тоа се случи во недела. Кога сите спијат-тоа ми личи дека некој не сака да се соочи со грѓаните, дека се плаши од нивната реакција. Со проектот Скопје 2014 се изградија многу споменици, но оваа место овој објект ќе не потсетува на диктаторската власт.
Бидете будни, оние што сеуште спијат, нека се разбудат, потребна е поддршка. Дрвата растат, но дивеењето на власта набргу ќе престане, рече таа.