Паркобрани: Жал ни е што не успеавме до крај да го одбраниме паркот кај Бристол, посилни беа

Од:

Жал ни е што не успеавме до крај да го одбраниме паркот кај Бристол, посилни беа… Не почитуваа ништо, не почитуваа никого. Бевме уапсени заради нарушување на јавната чистота, непушачите добија казни заради фрлање отпушоци, напишаа Паркобраните на својата Фејсбук страница.

Во сиве поминати камперски денови се изнаслушавме се и сешто, а постојано се провлекуваше едно единствено прашање…. „Што навистина претставуваат тие 5 исечени дрва и тој парк кој ние го браниме ?!“

police parkobran

За нас Паркобраните светла точка помеѓу сивилото кое го запоседна градот. Се боревме против безидејноста и некреативноста….лудилото и глупоста. Сигурни дека се залагаме за општо добро!!!

Денеска е Бристол, а утре немојте да мислите дека нема да дојде на ред и паркот пред вашата зграда или куќа, баш онаму каде го уживате вашето слободно време.

Додека постоеше паркот, дрвјата имаа едно значење. Сега, откако околните станари живеат на градилиште дрвјата имаат сосема различно, па така…

Преку тие 5 „небитни“ дрва се докажаа селективноста, беззаконието и кревкоста на правната држава.
Преку тие 5 „небитни„ дрва се покажа дека „трејд марк“ на ова општество се недостатокот на дијалог,личните суети и реваншизмот кои јасно го отсликуваат демократскиот дефицит.

Screenshot_13

Преку тие 5 „небитни“ дрва се покажа злоуотребата на моќ,а со тоа и деградирање на припадниците на специјалните единици. Сведоци на обид за задскривање на случувањата далеку од очите на јавноста, се ограничија нечиви права,се ограничија нечиви слободи!

Преку тие 5 „небитни“ дрва боде вистината. Таа е како шило,ќе боде,ќе боде….лево-десно, напред-назад и на крајот ќе исплива.Таа мора да исплива на површина!!! Познато зар не ?!

Хммм и уште нешто, да не заборавиме за крај … да потсетиме на важечките законски прописи…

Би можело да ве интересира

Градот Бристол го отстрани споменикот на трговецот со робови

А1он

(ВИДЕО) Нов спорт пред Бристол

Емир Латифовиќ

ФОТО: Садниците кои беа извадени од паркот кај Бристол повторно засадени

Емир Латифовиќ

Паркобраните на припадниците на ЕБР им доделија улога на „тарабобрани“

Емир Латифовиќ

15 минутно видео од тоа што се случуваше во Центар!

Емир Латифовиќ

Паркобрани: Извинете, не знаевме дека сме толку опасни

Емир Латифовиќ