(ВИДЕО) Сарачини: Уставните судии да се повлечат, иначе ќе се соочат со гневот на граѓаните

Од:

Маса народ во среда ќе ги дочека уставните судии за да бидат опоменати дека со одлуката која по политички диктат сакаат да ја донесат, ќе бидат улчесници во криминалот на власта.

– Како граѓани ги повикуваме сите граѓани, без оглед дали членуваат во партии, синдикати и здруженија, да излезат на протестот во вторник и во среда кога ќе се гласа за одлуката. Бдеењето ќе продолжи цела ноќ, во среда ќе ги пречекаме уставните судии и ќе бидеме гласни за одлуката без преседан, рече Петрит Сарачини од граѓанската платформа „Ајде“.

– Не смее Уставниот суд да се стави над Уставот, не смее Уставниот суд да дозволи помилување на кривични дела кои претставуваат кршење на основите начела на демократија. Изборите се темелите на демократијата, носители на суверинитетот се граѓаните на Република Македонија. Уставниот суд не смее да си дозволи поради политички наредби од власта која десет години владее, да носи одлуки на штета на граѓаните и на демократијата. Доколку не ја донесат одлуката која треба да ја донесат, всушност да се повлечат од оваа иницијатива, нема да се откажеме, ќе бидеме уште погласни, ќе ги употребиме сите средства да се одбраниме.

– Имајќи предвид како се именувани овие уставни судии, односно со политички диктат, не очекуваме разум, но доколку ги видат граѓаните очекуваме да се преиспитаат што прават и треба да се свесни, доколку не, ќе се соочат со гневот на граѓаните, рече Сарачини.

Ние сме имале многу поважни постапки пред Уставнјот суд, имаше една иницијатива со илјадници потписи , Уставниот суд не ја забрза процедурата поради голем интерес на јавноста. Уставниот суд неодамна рече дека не е надлежен да одлучува за поединечни правни акти, замислете некоја општина да донесе поеднинечен правен акт за отцепување, што значи тоа, Уставнот суд ќе се прогласи за ненадлежен?

Овој Уставен суд е под политички диктат, граѓаните нема да дозволат да имаме ваков политички суд, рече Сарачини.

Би можело да ве интересира

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска