ВИДЕО: Самоил Малчески се приклучи на реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Самоил Малчески денеска на прес-конференција изјави дека се приклучува на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што кажа потребни се реформи во ВМРО-ДПМНЕ за да се спаси партијата.

Тој најави дека можно е и другите членови од Форумот на слободоумни патриот да ја поддржат оваа иницијатива, но за тоа прво треба да одржат состанок.

– Ова е единствен начин да си ги спасиме партијата и државата. Форумот на слободоумни патриоти беше првата организирана структура која побара реформи во партијата, а целта е иста – враќање на ВМРО-ДПМНЕ на победничките патеки, рече Малчески.

Тој кажа дека бил еден од првите кои јавно побарале промена на раководството на партијата.

– Сите релевантни анкети укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загуби локалните избори. Доколку Никола Груевски мисли добро на ВМРО-ДПМНЕ уште сега треба да поднесе оставка и да си замине од позицијата за да можеме да спасиме тоа што може да го спасиме до изборите, рече Малчески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ