(ВИДЕО) Самохрана мајка: Си купи мерцедес Никола, а јас немам на детето точак да му купам

Од:

На граѓанскиот пленум во кампот пред Владата, денеска, освен неколку интелектуалци и активисти, говореа и самите граѓаните кои побараа преку микрофонот премиерот, Никола Груевски да се повлече од функцијата и да ја напушти власта. Тие го споредија Груевски со Чаушеску, Садам Хусеин, Милошевиќ и Хитлер. Присутните граѓани на овие споредби извикаа „Како нив и ќе заврши“.

Самохрана мајка со 10-годишно детенце му порача на премиерот да ја прекрсти државата во „Survivor“ затоа што граѓаните овде научиле да преживуваат благодарение на него.

-Никола, дали спиеш овие денови? Добредојде во нашиот свет на несоница. Си купи мерцедес, Никола, а јас нема на детето точак да му купам – рече таа.

-Господине Груевски, како поранешен боксер во нула категорија, се наоѓате во нокдаун. Фрлете ги вашите ракавици и дозволете борбата да ја продолжат мудрите и чесни борци – рече еден велешанец.

– Малку ќе ми биде еден саат за да кажам колку сум разочаран од оваа држава. Ја гледам „Сител“, гледајте ја и вие затоа што уште малку ќе ја нема, за да ви остане во спомен. Се чудам колку и е убаво на државата кога гледам „Сител“ – порача Васил Јовчевски.

Веќе неколку години ме прашуваат зашто се вратив, немам одговор.Не знам зашто се вратив во Македонија, но овие денови научив дека нешто ме вратило тука, а не јас сам себе. Јас не сум политички одреден, секој ден по 20 километри одиме од 5 мај, рече Александар Младеновски.
-Никогаш повеќе да не се повтори со мои другари од ВМРО-ДПМНЕ да не можам да зборувам, да не се повтори да не делат на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ни на Албанци, ни на муслимани, вакви и такви. Сите да бидат слободни засекогаш, рече Младеновски.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он