(ВИДЕО) Самарџиев: Француската диплома не вреди ако не си ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Дипломираниот полициски службеник Ристо Самарџиев, кој високото образование го завршил на Висока школа за полициски офицери во Франција, а притоа е и магистер по надворешна и безбедносна политика, седи невработен дома бидејќи е обележан како член на СДСМ.

Причината за неговото невработување во Министерството за внатрешни работи, како што вели е јавна тајна. Тој објаснува дека МВР направило детална обработка истражувајќи го неговото минато, преку штабовите на ВМРО-ДПМНЕ дека е деклариран комунист.

– Пред неколку месеци Гордана Јанкуловска вработи кадри од мојата околина од општина Градско. Јас во моментот кога аплицирав за вработување и сега, не сум член на ниту една политичка партија. Сите знаеме дека од 2009 па наваму, се вработуваат студенти кои студираат пчеларство или географија, а компетентните луѓе седат дома – реагира Самарџиев.

Тој порачува дека доколку владата не дозволи на талентираните ученици да дадат придонес за својата држава, нема ништо да остане од неа.

– Престанете да вработувате партиски, ги бркате своите деца од државата – вели Ристо Самарџиев, кој е револтиран од владините реклами кои поучуваат дека образованието и знаењето е се’ на младите луѓе.

На неговата диплома од Франција, тој побарал ностификација од Министерството за образование, која ја добил за рекордни 8 месеци. Самарџиев има писмено побарано и прием кај министерката Јанкуловска, на кое не добил позитивен одговор.

– Добив одговор дека јас сум потребен за државата, но МВР одговара дека Македонија има висок степен на кадри од областа на безбедноста. Се’ уште стојам на приоритетната листа на чекање во МВР. Доколу постои финансиска препрека за наше вработување, зошто МВР постојано бара конкурси за вработување, пред се’ партиски . Во државата постојат институции кои можат да ги задоволат нашите барања за работа – вели Самарџиев.

Тој рече дека покрај него, истата судбина ја делат и неколку стотици дипломирани криминалисти. Сите од неговите колеги индивидуално го ревашал својот проблем, но без успех. Затоа, Самарџиев најавува формирање на Здружение на невработени криминалисти, кое има рално правна основа да ги бара нивните права.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците