ВИДЕО: Русковска демантира дека во записникот на Камчев се спомнати други политичари освен Заев

Од:

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал по речиси три часа во Советот на јавни обвинители, рече дека освен премиерот Зоран Заев, кај кого Орце Камчев го пријавил случајот, нема други спомнати политичари во записникот од сведочењето на бизнисменот за истрагата во случајот „Рекет“.

„Заев е спомнат само во тој дел од сведочењето кај Јордан Камчев, каде што вели дека пријавил кај него“, рече Русковска.

Оцени дека она што било објавено во некои од медиумите, а е поврзано со записникот на Орце Камчев, е дезинформација.

Обвинителката рече дека на членовите на Советот им презентирала некои од доказите, искази на сведоци и записникот од Орце Камчев.

Русковска потврди дека утрово кај неа сведочел Жарко Луковски по вторпат на негово барање.

„Дојде уште еднаш за да даде дополнителни сознанија“, рече шефицата на Обвинителството.

На седницата не присуствува републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

На прашање кога ќе биде повикан првоосомничениот Бојан Јовановски на распит, Русковска рече: „Кога ќе оценам дека треба да го повикам“.

Таа рече дека интензивно се работи финансиската истрага за предметот. За торбата Луј Витон со парите, рече: „Нешто знаеме, а за нешто работиме“.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог