Утре ќе бидат повикани во судот останатите осомничени во најновата истрага за невладината организација на Бојан Јовановски, Боки 13, рече обвинителката Вилма Русковска.
Таа бара од судот да им бидат одземени пасошите, еднаш неделно да се јавуваат во судот и да им биде изречена забрана да го напуштаат Скопје.
Утре ќе биде поднесено обвинението за „Рекет“ за тројцата обвинети Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоки Милески-Кичеец.
Русковска рече дека не биле користени ПИ мерки за најновата истрага и дека ќе бара продолжување на притворот за Јанева, Боки 13 и Кичеец.