ВИДЕО: Русија го напдна Киев со ракети и дронови, двајца мртви

Од:

Русија во текот на ноќта на 7 октомври изврши масовен напад со ракети и дронови врз Киев, при што загинаа најмалку две лица, соопшти Киевската градска воена управа.

Жртвите се регистрирани во областа Дарницки. Нападот се одвивал во повеќе бранови, а првите експлозии биле слушнати околу 3:15 часот по локално време, откако украинското воздухопловство предупредило дека кон границата се приближуваат руски бомбардери Ту-95.

Репортери на „Kyiv Independent“ известија за серија експлозии во центарот на градот, како и за удари во областите Подил и Оболон. Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека е погодена нестамбена зона во Оболон, додека во Подил биле погодени магацини.

Остатоци од соборени ракети предизвикале пожари во областите Шевченковски и Дарницки. Обемот на материјалната штета сè уште се утврдува.

На ракетниот напад му претходеа удари со дронови, кои кон Киев почнале да се приближуваат околу 21 часот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ги повика граѓаните сериозно да ги сфатат предупредувањата за воздушни напади, наведувајќи дека разузнавачките податоци укажуваат на подготовка на голем руски напад.

Нападот се случи на 74. роденден на рускиот претседател Владимир Путин. Русија го нападна Киев и претходната ноќ, кога беа оштетени неколку автомобили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Масовен руски напад врз Киев, погодени студентски дом, продавници, метро, ​​болница

Катерина Ѓуровски

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците го нападнаа Белгород, има жртви и големи штети

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина