(ВИДЕО) Рунтева: Захариев не дозволува изградба на Дом за стари лица

Од:

Незаконското постапување на градоначалникот Илчо Захариев може да ги остави пензионерите од Штип и околината без Дом за стари лица. Захариев не постапува согласно Одлуката за промена на Урбанистичкиот план, со кој беше предвидена изградба на Дом за стари лица во населбата Дујзлак. Од личен хир Захариев одлучи овој простор, порнашениот ресторант на АРМ, да не му ја додели на Здруежението на пензионери од Штип и Карбинци, вели Ленче Рунтева, советник од СДСМ и коалициските партнери.

Без соодветен елаборат и без одобрение за градба, кое требаше да содржи одлука за промена на Деталниот урбанистички план, на местото на некогашниот ресторант на АРМ започна изградба на нов, габаритен објект.

Захариев го има ставено својот потпис на одлуката од 30.07.2014 со која се одбива барањето за доградба или надградба на реконструкција, санација и адаптација на постојан објект со надградба, во кое изрично се нагласува дека постапката треба да се прекине до целосно комплетирање на документацијата. Општина Штип единствено има издадено решение со кое се дозволува реконструкција и адаптација на постојниот објект- подрум и приземје.

Без потребните документи овој обејкт е дивоградба.

Захариев мора да им одговори на штипјани зошто има селективен пристап кога е во прашање примената на Законот за просторно и урбанистичко планирање?

Социјалдемократскиот сојуз ќе поднесе претставка до државниот инспекторат за просторно и урбанистичко планирање за испитување незаконитоските постапки на Захариев.

Кршењето на законот со себе носи одговорност и за тоа мора да се одговара.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување