(ВИДЕО) Руинираните студентски домови се реална слика за криминалните политики на Груевски

Од:

Во студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу” условите за младите студенти се катастрофални, особено во тоалетите. Во домот “Стив Наумов” печурки никнуваат и глувци се шетаат во собите на студентите, вели Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.

Погледнете, ова не се слики од некој хорор филм туку реалност во која живеат студентите во Скопје, во главниот град на Македонија.

Руинираните студентски домови и лошите услови во коишто живеат и учат студентите се најреалната слика за лошите последици на криминалните политики на Никола Груевски.

Последиците од корупцијата и криминалот на врвот на ВМРО-ДПМНЕ најсилно ги почуствуваа младите во Република Македонија.

Над 626 илјади се иселени од земјава, пред се млади, образовани луѓе. 58% од младите во земјава се навработени, а студентите во студентските домови се соочуваат во вистинска голгота.

Образовниот процес е доведен до катастофално лошо ниво.

За 10 години Груевски и ВМО-ДПМНЕ не изградија ниту еден студентски дом. Бараа локација за студенстки домови, додека трошеа 630 милиони евра за споменици, жални врби, фонтани…

И додека студентите ги немаат основните услови, спијат во влага и мувла, го слушнавме Никола Груевски како за себе си нарачува мерцедес од 600 илјади евра, со масажери и лед екрани.

Затоа младите се на нозе и секојдневно се на улиците. Протестираат за подобар живот, за одговорност на криминалците, за иднина во својата татковина.

Младите се борат и младите ќе се изборат за нормална, слободна, демократска и европска Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини