(ВИДЕО) Рот: Политичарите ризикуваат изборите да не се одржат по европски стандарди

Од:

Државниот министер на МНР на Германија, Михаил Рот, кој денеска имаше дебата со студентите на Прваниот факултет, истакна дека имплементацијата на договорот од Пржино е далеку од тоа каде треба да биде, како и дека многу рокови и можности се пропуштени. Рот додаде дека политичарите мора да се придржуваат до договореното, инаку ризикуваат изборите да не се одржат по европски стандарди.

– Нашите очекувања се многу јасни, бидејќи има политички договор на масата. Има лимитиран простор за да се имплементираат реформите кои останаа со цел да има фер избори во април, рече Рот.

Тој вели дека вратата на Европската Унија е отворена за Македонија, но прво треба да биде решена политичката криза во државата чие решение се одвива поспоро од очекуваното.

– Имплементацијата на договорот и реформите се далеку од тоа каде треба да бидат. Многу рокови и можности се пропуштени. Работата на

Специјалната јавна обвинителка е попречена во работата неколку пати, реформите во медиумите не се ни почнати, а прочистувањето на Избирачкиот список требаше да почне пред неколку месеци. Парламентот не функцинонира онака како што треба да функционира парламент во демократска држава, рече Рот.

Тој на студентите им рече дека покажале храброст на протестите во Скопје и другите градови со цел да бидат слушнати од политичките институции.
На Македонија и треба Европската Унија и на ЕУ и треба Македонија, посебно деновиве. Имаме блиска соработка за проблемот со мигрантите, но не значи дека ќе има политичко плаќање за соработката.

Рот вчера имаше средби со лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Според информациите од прартиите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ инсистирал изборите да се одржат на 24 април, обидувајќи се да го убеди Рот дека приоритет на партијата се фер избори, додека од СДСМ велат дека круцијална улога за фер избори има исполнувањето на двата услова од пржинскиот Договор, прочистен Избирачки список и регулација на медиумите

Дебата беше организирана од страна на фондацијата Фридрих Еберт, а студентите во речиси час и половина имаа можност да го прашаат министерот Рот за главните проблеми во македонското општество.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“