(ВИДЕО) Ромер: Никаде во Европа не се носат штрајхбрекери, тоа е знак на непочитување

Од:

На новинарско прашање дали некаде во Европа е позната праксата да се носат нови наставници наместо оние што штрајкуваат, Мартин Ромер, претседател на Европската конфедерација на синдикати од образованието, рече дека дека такво нешто досега не е направено во Европа.

– Не, нема вакво нешто во Европа. Ако има штрајк, тогаш е штрајк и Владата мора тоа да го почитува. Може да штрајкувате на различни начини. Овде наставниците одат на работното место, но не работат, а можете и да не доаѓате во училиште. Со носење на штрајхбрекери во обид да се заменат наставниците се покажува непочитување кон трудот. Штрајкот е сосема легално средство со кое едната страна се обидува да изрази нешто, рече Ромер на заедничката прес конференција со СОНК.

Би можело да ве интересира

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност