А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Робертсон: Напредокот на Македонија се должи на храброто лидерство и успешните реформи

by А1он10/07/2018 - 11:2910/07/2018 - 11:29182
Share0

Напредокот на Македонија немаше да биде можен ако не беше храброто лидерство и успешната реализација на реформите, порачаа денеска претставниците на Охридската група, пријатели и поддржувачи на нашата земја, предводени од сер Џорџ Робертсон на средбата со премиерот Зоран Заев на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Лондон.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти владината прес-служба, поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Робертсон, на средбите информирал дека сите членови на групата Охрид и пријатели на Македонија го поддржале писмото кое во име на групата било испратено до шефовите на државите и на владите на земјите членки на ЕУ и НАТО, за позитивна одлука на Европскиот Совет и за најавеното активирање поканата за членство во НАТО.

Следете a1on на Youtube YouTube

На средбите искусните дипломати и политичари, претставници на повеќе меѓународни организации, го истакнале исклучителниот напредок на Македонија и ја нагласиле историската важност за постигнатиот договор со Грција кој ги отвори вратите за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ.

Премиерот Заев ги запознал членовите на Охридската група со чекорите што претстојат при имплементацијата на договорот, а особено за референдумот на кој граѓаните треба да го кажат последниот збор и избор за иднината на земјата што ја гарантираат членството во НАТО и стартот на преговорите со Европската унија.

Соговорниците на работните состаноци се согласија дека од огромна важност е што мнозинството од граѓаните го поддржуваат членството во ЕУ и НАТО и дека тоа е аргумент за оптимистички очекувања за исходот од референдумот.

На работните средби со премиерот Заев и со дел од владината делегација, претставниците на Охридската група истакнале дека и понатаму остануваат посветени на поддршката за Република Македонија и потенцирале дека пред земјата е единствена шанса за трајно стабилизирање и за остварување на стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО, кои гарантираат економски напредок и демократски институции.

vlada

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:27

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео