(ВИДЕО) Роберт Димовски: Ме ограбија „Македонски шуми“, ги зедоа и продадоа моите дрва, мене ме тужат

Од:

Скопјанецот Роберт Димовски вели дека бил „ограбен“ во 2013 година кога шумската полиција, без претходно известување му ги одзела исечените дрва и покрај дозволата за сеча на сопствена парцела во велешкото село Нежилово.

Од тогаш па до денес, Димовски се тужи со јавното претпријатие „Македонски шуми“. Како што вели, околу неговото земјиште воопшто и нема државно земјиште, туку тоа се приватни имоти. Според него, „Македонски шуми“ вршат притисок на приватните сопственици да се откажат од земјиштето, се со цел да го присвои државата, а потоа да се образложи на суд дека Димовски со сечата влегол во државно земјиште.

Димовски додава дека земјиштето од каде тој сечел датира во неговата фамилија од 1954 година, а од тогаш до сега е префрлано на поколенијата, со што во 2011 година и самиот станал негов сопственик.

– Нема државно земјиште, тоа е лично моја сопственост. Во имотниот лист пишува дека сум сопственик на 37,375 метри квадратни. Имам одобрение од приватна фирма за маркирање на дрва, за дрвена маса од 800 кубика, објаснува тој.

12290613_463137907203877_267175605_o

– Мене од „Македонски шуми“ ми велат дека тоа не е мое земјиште, а јас ги имам сите потребни документи дека тоа земјиште е мое и дека сум единствен сопственик, со елаборати, со имотни листови и сите потребни документации. Имам одобрение, направено е записник, обележано е со црвена боја од страна на претставник на фирмата која издава одобренија, а со сина боја од моја страна на местото каде треба да се сече. Од тие граници не сме излегле никаде, а ниту пак имам таква потреба, вели Димовски.

На рочиште во велешкиот суд , вели скопјанецот, збор имале единствено претставниците од „Македонски шуми“, а на неговиот адвокат воопшто не му било дозволено да ги даде потребните документи како докази. Поради тоа, побарале случајот одново да се отвори во Апелацискиот суд во Скопје.

12295753_463137890537212_739604018_o

Димовски истакнува дека во три различни документи, различно е напишана количината на запленети дрвја. Според неговите информации, дрвата не биле однесени во складот на “Македонски Шуми“ во Велес, туку веднаш биле продадени.

– Во записникот за одземените дрва пишува дека се одземени 40 кубни метри, а во записникот во судот во Велес, пишува дека се одземени 36 метри. Во Апелација во Скопје дојде службеничка полномошник од „Македонски шуми“ и кажа дека се одземени 30 кубни метри. Во три различни документи се пишува различна бројка, додава Димовски.

Тој додава дека шумската полиција му ги одзела дрвата со еден обичен фотокопиран лист каде немало ниту печат, ниту потпис.

– Се работи за одобрени 800 кубика, од кои 124 кубика се извезени, а останатите кубика кои ми беа подготвени за извезување ми ги одзеде шумската полиција со еден обичен лист дека треба да подигнат дрвена маса од место викано Рашани, а местото од каде што се моите дрва се вика Змијарник. Со еден обичен фотокопран лист без печат дојдоа и рекоа дека мора да ги одземат, вели Димовски.

12305404_463137900537211_1041599928_n

Иако од Шумската полиција во 2013 година како причина за одземање на дрвата е наведено дека тие не биле жигосани, Димовски тврди дека тие се жигосани од страна на фирмата за маркирање на дрва.

А1он се обиде да стапи во конткат со „Македонски шуми“ во Велес со цел да ја слушне и нивната верзија за случајот, но од „Македонски шуми“ во Велес никако не сакаа да не поврзат со правничката која е запознаена со овој случај.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”

По гинеколози на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво

Вработен во „Национални шуми“ со измама и фалсификувани документи заработи над 100.000 евра

Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми, за да се зголеми ефикасноста на претпријатието, а резултатот е под нула