(ВИДЕО) Ристов: Локалната власт предводена од СДСМ ги решава наследените проблеми во Гази Баба

Од:

„Општина Гази Баба конечно доби нова локална власт којашто работи одговорно,домаќински, транспарентно и ги решава наследените проблеми од штетното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните на Гази Баба го покажува и овој пример зад нас. Додека граѓаните на општина Гази Баба се сочуваа со недостиг на вода, на канализациски системи и основни услови за живот, претходната локална и градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потроши повеќе од 1 милион евра за изградба на овој коњаник и фонтана на овој плоштад во Автокоманда“, рече Мартин Ристов, советник од СДСМ и коалицијата во Совет на Општина Гази Баба.

„Додека граѓаните на Гази Баба газеа по неасфалитирани и неосветлени улици, Тони Трајковски и Коцее Трајановски потрошиле повеќе од 830 илјади евра за првичната изградба на овој коњаник и фонтана. Но, расипничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ не застанало тука. Од парите на граѓаните дополнително биле потрошени повеќе од 200 илјади евра за рушење на коњаникот и фонтаната и изградба на нови.

Ова е само еден од многуте примери кои го покажуваат расипничкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните.

За само неколку месеци, локалната власт во Гази Баба предводена од СДСМ и градоначалникот Георгиевски започна со трајно решавање на проблемите на граѓаните.

Во целост се завршени активностите за изградба на водоводната мрежа во високата зона во населеното место Раштак, започна процесот за изградба на вакуумска канализациона мрежа и систем во населеното место Јурумлери, улицата 28 во Сингелиќ доби фекална и атмосферска канализација и истата е тампонирана и подготвена за асфатлирање. Во периодот зад нас интензивно се работеше на целосно чистење на општината.

Почитувани, локалната власт предводена од СДСМ продолжува да работи исклучиво во интерес на граѓаните. Се обврзавме дека клучните инфраструктурни проекти ќе бидат наш приоритет и дека граѓаните на Гази Баба ќе живеат во една модерна, напредна и европска општина“, рече Ристов, советник од СДСМ и коалицијата во Совет на Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници