(ВИДЕО) Ременски: Помирувањето мора да почне од Собранието

Од:

Патот на Република Македонија кон помирувањето и релаксирањето на општествено-политичката реторика мора да почне од Собранието на Република Македонија за да може да рефлектира позитивна атмосфера во процесите што ќе обезбедат иднина на Република Македонија, изјави Фросина Ременски, копретседателката на координативното тело за помирување и интеграција.

„Морам да кажам дека примарниот дух на оваа дебата што се води помеѓу интерпартиската група се стратешките цели и интереси на Република Македонија, а тоа е заокружување на процесот на уставни измени, добивање на членството за НАТО и, секако, важниот процес на отпочнување преговори со Европската Унија, што искрено очекуваме да почнат во јуни следната година. Сите оние процеси се комплементарни. Секако, она што е интерес на јавноста и на медиумите, и заинтересираните за овој процес и работата на групата, вниманието е фокусирано на Законот за амнестија. Јас можам слободно да кажам дека работните групи и тела имаат мандат бидејќи го имаат веќе и составот, ги имаат и претставниците од владата што ќе учествуваат во работата на ова тело“, рече таа.

Ременски додаде дека ги имаат сите механизми што им се дадени согласно со одлуката, да вклучуваат и други пратеници, правни експерти, да ги вклучат МАНУ, цивилно општество, медиуми, коишто ќе можат да сугерираат и даваат решенија за овој комплексен процес.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он