(ВИДЕО) Ременски: Јанкулоска да се воздржи од притисоци врз Обвинителството

Од:

Однесувањето на Јанкулоска и МВР во скандалот “можна нелегална фабрика за пасоши во приватен стан“ е класична потврда дека во Македонија институции нема. Прво, материјалот што упатува на криминал, како што информираше медиумот што го обелодени, е испратен до Јавното обвинителство, задолжено за спроведување на истрагата.

Но Јанкулоска се стави над Јавното обвинителство и бара таа и МВР да ја водат истрагата. Ова го покажува директното партиско влијание врз институциите и процедурите, вели Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ и претседателка на Комисијата за внатрешни работи.

Изработката и персонализацијата на патните исправи е исклучиво во надлежност на МВР и треба да се врши исклучиво во службени простории под соодветни процедури. МВР би требало да биде единствената институција којашто има опрема за читање биометриска документација, преку отисок на прст. Дефокусирање се изјавите на Јанкулоска дека никој не пријавил злоупотреба на патни исправи. Само МВР и може да открие можна злоупотреба на патни исправи.

Оттаму Јавното обвинителство е должно, по службена должност, да отвори истрага за да испита дали во Македонија се изработуваат патни исправи и во домашни услови и дали и кој е вмешан во скандалот.

Второ, Јанкулоска и МВР се поставија непрофесионално кон сериозни наводи за нелегална изработка на патни исправи.

Јанкулоска и МВР си дозволија без истрага и вештачење да ја коментираат веродостојноста на видео и фото материјалот пред воопшто да биде почната соодветна истрага за сериозните наводи.

Обидите на Јанкулоска да го сврти вниманието, со објаснувањата дека не биле забележани фалсификувани патни исправи при влез и излез во државата, се наивен обид.

Веќе се откриени вработени во Одделот за граѓански работи на МВР кои фалсификувале лични карти и пасоши – внесувале податоци на иселени лица од Македонија, отисоци од прст и фотографии на лицата кои ги купиле пасоши.

Јавноста добро знае дека патните исправи служат и за идентификација на територијата на Република Македонија, вклучително и за време на изборен процес.

Сето ова упатува на можна вмешаност на поединци или уште пострашно на државниот систем во сомнителниот случај што го обелодени медиумот.

Јавното обвинителство е должно да спроведе истрага за аферата “фабрика за пасоши“.

Јанкулоска и МВР се должни да се воздржат од партиски притисоци врз институциите задолжени за спроведување на истрагата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија