ВИДЕО: Реконструкција на улицата Востаничка

Од:

Улицата Востаничка во општината Кисела Вода за околу два месеца ќе добие нов лик. Од денеска екипи на Град Скопје вршат реконструкција на оваа значајна сообраќајница, на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. На оваа делница долга 1.100 метри ќе се обноват коловозот и рабниците, а ќе се реконструираат и тротоарите со замена на бекатон-плочките, онаму каде што е неопходно.

– Улицата Востаничка е всушност продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа предмет на реконструкција минатата година. Овде ќе решиме и еден горлив проблем што долги години ги мачи граѓаните од овој дел од градот, ќе изработиме нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да обезбедиме континуирано и квалитетно водоснабдување – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Вредноста на реконструкцијата на улицата Востаничка изнесува околу 15 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 50 дена.

Шилегов додаде дека е во тек градежна офанзива за изградба и обнова на градските сообраќајници, за да се подобри квалитетот на урбаното живеење во Скопје.

На почетокот на реконструкцијата на улицата Востаничка присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски