ВИДЕО: Реконструкција и велосипедски патеки на булеварот „8 Септември“

Од:

Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот „8 Септември“, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи.

Во текот на градежните работи ќе се изврши комплетна реконструкција на коловозот, обнова на тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри.

– Реконструкцијата ја почнуваме со тротоарите и велосипедските патеки, а во текот на неделата ќе се префрлиме и на коловозот. Станува збор за релација долга 980 метри, која претставува главна артерија што ги поврзува населбите Карпош 2, 3 и 4 со Злокуќани, Бардовци, Момин Поток и другите населби во северниот дел од градот. Ќе изведеме и нова велосипедска патека со што ќе го завршиме таканаречениот Конектор број 5 и ќе ги споиме населбите Карпош, Злокуќани и Бардовци со велосипедската патека на кејот на Вардар. Ќе формираме и нов дрворед од околу 100 дрвја, а ќе уредиме и средишна жардиниера, рече денеска градоначалникот на Градот Петре Шилегов.

За реконструкција на булеварот „8 Септември“ ќе се вложат 43 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 40 дена.

Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека траат градежните работи на сообраќајниците.

Прашан за решение за десното крило кај Момин Поток, тој рече дека до средината на наредната година ќе започнат со изградба на најголемата раскрсница кај Момин поток и веројатно, како што додаде, до година ипол од започнувањето на работите нема да има проблеми со гужвата што сега се создава таму.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“