Откако го разгледааа извештајот за напредокот на теренските и административните проверки на Избирачкиот список, членовите на ДИК во жестока расправија за роковите во кои може да се завршат проверките бидејќи за избирачите за кои постои сомневање во однос на издадените лични карти, проверени се само 41 отсто, а од вкупните барања за патни исправи проверени се само околу 12,4 отсто.
Беше речено дека со прочистувањето на избирачкиот список, ДИК е на самиот почеток и работата не е завршена. Според Силвана Бонева и Бедредин Ибраими, направена е сеопфатна проверка што покажала дека списокот е чист и дека до вечерва ДИК може да соопшти дека Избирачкиот список е подготвен и дека може да се оди на избори.
Ако се распишат избори сега ќе бидат избришани само 1129 починати лица и сите други податоци ќе останат како и пред проверката што не ја гарантира довербата во Избирачкиот список, велат членовите на ДИК од СДСМ.
На висок тон,членовите на ДИК се обвинуваа меѓусебно дека ја манипулираат јавноста.
– Колешке Бонева утре Собранието веќе нема да работи а вие ми кажувате МВР за „само“ 107 000 граѓани да провери, а на 19 март гласавте да не се отвара тоа прашање. Изгубивме 17 дена да ги провериме и ови граѓани. Од кај ви се информациите дека до вечер се ќе завршат, ние немаме таква информација – рече Милев кој смета дека прочистувањето на Избирачкиот список ќе се сведе само на бришење на починатите, рече Милев
Милев рече дека 77.128 теренски проверени 73,2 отсто не се најдени дома.
– За 107 072 гласачи тврдам дека можат да бидат проверени бидејќи за да се проверат овие податоци можат и самите тоа го знаете. Предлагам на МВР да му се даде рок од три дена да ги провери спорните гласачи, за што сметам дека може да се заврши. Исто така, предлагам МВР да ги провери и тие 107.453 спорни гласачи за кои се тврди дека се иселеници за да не се манипулира дека не се проверени. Сето тоа многу бргу може да се провери, рече Силвана Бонева.
Виолета Дума рече дека Избирачкиот список не е прочистен и го постави прашањето на легитимност на изборите со список од кој ќе бидат избришани само починатите граѓани.
– Знаеме сите што сме овде присутни дека Избирачкиот список дека нашата зададена задача за проверување на избирачкиот список, не е завршена во целост. Сакам само да кажам една законска одредба дека кога се распишуваат избори, односно референдум, податоците се доставуваат наредниот ден од денот на распишување на изборите, на магнетен медиум и задолжително го содржат матичниот број на граѓаните.
Значи ние од МВР, наредниот ден од распишувањето на изборите, ќе добиеме избирачки список. Дали од се што работевме овие 3 месеци нема ништо да влезе во Избирачки список, освен починатите, рече Дума.
Милев додаде дека и теренската проверка не е целосно завршана ниту се обработени податоците за 32 146 граѓани. имаме 37 435 не се најдени дома и имаме 7500 анкетни листови нецелосно пополнети.
– Оваа операција на ДИК ќе биде сведена само на делумно шминкање на Избирачкиот список, со кое ќе се избришат само починатите лица, кои ги имало и во 2011, 2012 и 2013 година. Теренската проверка не ја погоди целта. 34 435 лица кои не се пронајдени во своите домови имаме 37 435 не се најдени дома и имаме 7500 анкетни листови нецелосно пополнети. Теренската проверка не ја погоди целта, некој манипулираше и затоа ја имаме оваа бројка, рече Милев.
Претседателот на ДИК не сакаше да даде изјава за медиумите, рече новинарите самите да заклучат што покажуваат проверките на Избирачкиот список од дискусијата во ДИК.
А.Б.