ВИДЕО: Рашковски во судница континуирано реагираше за пораките, надвор избега од екипата на „А1он“

Од:

Додека беше во судница судијката не можеше да го сопре да не упаѓа во збор, откако излезе пред Кривичен избега од камерата на „А1он“. Вака се однесуваше денеска ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Во судница, Фанка Јанчулева-Михаиловска неколку пати го прекори за почитување на редот во судницата, со посочување дека не смее да збори додека таа не му дозволи. Но тој, секогаш наоѓаше начин за одново да приговара за пораките кои на „Вибер“ ги разменувал со другите обвинети. Иако во судот ја спореше обвинителката Ивана Трајчева дека поракитеги презентира од извештај искуцан на програмот „ворд“, надвор, не застана да каже дали истите се автентични и негови.

При излегување од судот го прашавме: „Господине Рашковски, може ли кратка изјава?“, а тој рече: „Само со адвокатот да се видам“. По ова, застана на страна со неговиот бранител и избега од камерата на „А1он“. Тој не одговори дали треба да ги почекаме и отиде позади Кривичниот суд, па за кратко, го заобиколи и замина. Со ова, остана неодговорено дали навистина ги разменувал пораките во кој се зборува за набавка на софтвер, за тендерот, милионите кои се споменуваа, но и договорот со управителот на фирмата „Инвока груп“, Даниел Станчев, со кого имал комуникација што се увиде од „Вибер“ разговорите“.

Пред да излезе во судот, неколку пати и противречеше на судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска. Реагираше зошто во тој момент „А1он“ ги има објавено разговорите кои ги презентираше обвинителката. Посочи и дека не го интересира судската пракса.

„Штетата треба да се спречи пред да настане. Веќе во портали има дел од така наречените докази. Има компромитиран судски процес бидејќи не дозволивме или барем мислам дека ќе дозволите да се изведе доказот за кој Обвинителство вели дека ќе се изведува. Овде имате луѓе, 10 ИТ мозоци во државава. Сега некој да ни кажува како се отвора УСБ е повредување на нашиот интелектуален капацитет. Не ме интересира која е праксата на судот“, рече Рашковски.

„Сето тоа е доставено во судот“, рече Трајчева, а Рашковски додава: „Дајте да ги видиме! Да ја видиме содржината од УСБ-то“.

Па така, дел презентираните пораки од извештајот на Обвинителството за гонење на организиран криминал беа ре-презентирани и од УСБ-то каде беа екстрахирани пораките од одземените мобилни телефони од обвинетите.

„Оригиналите од доказите се во судот, тој може да провери дали ова што денеска се зборува е истото што и во списите на предметот. Како што е наведено и во самиот извештај, кој според Обвинителство е сублимат, се наоѓа и пишува дека на мемориски уред“, кажа Трајчева и го покажа меморискиот стик од 256 гигабајти, по што и изворно ја отвори комуникацијата во која цитираше исти пораки кои претходно беа изведени од извештајот направен од ОЈО-ГОКК“.

Рашковски цитираше закон, судијката го опомена дека нема збор, а то реплицираше: „Земете ми го зборот, но не и правото на одбрана“. Судијката го опомена: „Почитувајте го редот во судницава“.

Пред крајот на рочиштето, поради реакциите на обвинетите, судијката беше принудена и неколку пати да лупне на масата, за да се воспостави ред.

„Јас како обвинето лице го немам добиено доказот како електронски запис не е доставен до моите бранители ниту до мене. Како електронски запис ги немам пораките за да барам вештачење. Имам целокупна екстракција. Ова што е пред мене презентирано е одземено од Инвока груп. Барам тоа да ми се достави“, кажа Станчев, по што Трајчева кажа: „Оваа содржина е екстрахирана од МВР доставен е еден оригинален примерок, доставен до судот. Доколку обвинетиот се обрати, ќе добие форензичка копија“.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена