А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

ВИДЕО: Ранет полицаец, избеган затвореник од „Идризово“ – успешната акција за бегство планирана до детаљ

by Кристијан Ландов13/01/2023 - 08:4716/01/2023 - 14:2323602
Share0

Припадник на затворската полиција е ранет, а затвореник во „Идризово“ е во бегство. Ова е резултат на грабнувањето кое се случило во текот на ноќта, при спровод на затвореникот со висок безбедносен ризик од затворот до болница. Затворската полиција била пресретната од неколку вооружени лица, комбето со кое се транспортирал затвореникот било застанато, имало пукање, полицаец е ранет во бешиката. Затвореникот бил изваден и заедно со вооружените лица се дал во бегство.

Добивај вести на вибер

Акцијата за бегство била планирана. На тоа укажува фактот што вооружените лица точно знаеле кога ранетиот затвореник ќе биде спроведен во болница, го знаеле возилото, а иако не потврдено, веројатно имале и дополнителни информации како што се бројот на полицајци кои ќе го носат затвореникот на лекување и трасата на движење. Затвореникот неофицијално, сам си нанел рана, поради која барал лекување. Непознато и нејасно е дали била повикана Брза помош или тој директно бил транспортиран.

„А1он“ побара информации од Управата за извршување санкции за тоа кој бил дежурен командир во текот на смената кога се случило грабнувањето, дали е точно дека избеганиот затвореник е одлежува казна за убиство, како и колку полицајци го правеле спроводот. До објавување на веста, оттаму нема одговор.

Од МВР најавија информации во накусо можно време.

Во интервју за „А1он“ Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции призна дека во затворите владее ендемска корупција. Акцијата за бегство на затвореникот и кај надлежните органи го остави сомнежот дека е координирана со лица од затворот, со оглед на информациите кои ги поседувале вооружените лица. Ова е само еден од низата инциденти кој се има случено во изминатите месеци, а поврзан со затворскиот систем.

kpd idrizovo

Би можело да ве интересира

Продолжува кризната состојба за К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски17/07/2025 - 12:49

Уапсен затворски полицаец, внесувал дрога во „Идризово“

Катерина Ѓуровски16/07/2025 - 11:18

Во Идризово почина затвореник од Кичевско

А1он28/10/2024 - 16:27

Запален автомобилот на директорот на затворот Идризово

Катерина Ѓуровски15/05/2024 - 09:10

Специјалци влегоа во Идризово, најдена голема количина недозволени предмети

Катерина Ѓуровски11/04/2024 - 12:53

Се истепале затвореници во Идризово, повредени двајца полицајци

Катерина Ѓуровски30/12/2023 - 16:3930/12/2023 - 16:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен