(ВИДЕО) Психијатар во судницата: Анџело бил нападнат од Тот, тоа предизвикало страв и надразнетост

Од:

Психијатарот Зора Митиќ по барање на адвокатите на Анџело Ѓорѓиевски, зборуваше за психолошката состојба на обвинетиот, на судењето за убиството на ракометарот Денис Тот. Таа пред судот посочи дека Анџело бил физички нападнато од оштетениот, поради што се исплашил. Вака, таа толкува дека дошло до смртоносните удари кои Анџело ги задал на сега починатиот Денис Тот. Дополнително, Митиќ посочи дека Анџело имал лузни на десната рака, истата со која му го задава првиот удар на Тот. Според неа, мускулатурата на овој екстремитет му е слаб, што би значело и дека ударот бил слаб.

„Анџело е личност која не боледува од трајна или привремена душевна болест, настроеност, развој. Во хронологија на делото, Анџело, бил физички нападнат од страна на оштетениот, бил вербално омаловажуван и понижен, што кај Анџело предивикало чувство на страв. Оштетениот бил спортист, физички појак, покрупен. Тоа кај Анџело предизвикало чувство на неизвесност, страв, гнев. Овие непријатни емоции довеле до засилен ефект, чувство на надразнетост. Во време на извршување на кривичното дело тој имал покачена афективна состојба, но не до состојба на патолошки ефект, ниту до патолошка надразливост“, кажа Митиќ.

Психијатарот Митиќ, беше испрашан и од судот. Па така, рече дека ако Анџело не бил физички нападнат, тогаш имал психички напад. Од снимките кои беа презентирани до сега, физички напад од Тот кон Анџело – немаше.

„Во мојот опис имам објаснето и за психичкиот напад кој го трпел Анџело. Ако се докаже дека немало физички напад, за ваквата афективна состојба, имало психички напад“, додаде Митиќ и беше децидна дека немало медицински наоди дека Тот го физички го нападнал Анџело.

На судењето сведочеше и Сања Ефтимовска – специјалист по медицинска психологија. Таа го опишуваше Анџело како лице кое е пaсивно во стресни ситуации и додаде „Со психолошкото тестирање се виде дека Анџело е склон кон пасивизација, доминираат симптоми на невротски тип. Некој се повлекува, некој напаѓа. Он е од тие типови кои пасивизираат“.

„Разочаран од себе, намалена самодоверба, песимист во однос на иднината, со присуство на сомато-вегитативни симтоми кои се јавуваат како последица на подолготрајно потиснување и претставуваат физиолошки реакции, кои се емотивните реакции. Емоционално е нестабилен, со чувство на надразнетост. Нема показатели за психијатриско растројство“, додаде Ефтимовска.

Ова е второ психијатриско вештачење, овојпат, нарачано од обвинетите. Претходното, го изработи Александар Марцикиќ. Тој ги опиша сите обвинети како психички здрави личности, со уредна интелигенција. Сите биле загрижени поради настанот, смртниот исход, реперкусиите, кривичната постапка и притворот.

На 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, обвинетите заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот, тврди скопското Обвинителство. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.

„А1он“ објави и детали што се случувало кобната вечер и зошто е убиен Тот. Од дружба и пиење во диското, до смртоносни боксови и клоци. Ракометарот Денис Тот од дискотеката излегол во друштво со осомничните за неговото убиство по три часа забава. Тие имале резервација, пиеле виски и Ред бул, немало расправии ниту индиција дека нешто ќе се случи. Внатре влегле околу триесет минути по полноќ, а излегуваат околу 3 часот и 30 минути по полноќ.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот

Горан Наумовски

Апелација ги потврди затворските казни за убијците на ракометарот Денис Тот

Миланов: Правната квалификација „убиство“ е спорна за сите обвинети во случајот Денис Тот

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот од Апелација бара повторно судење

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Казната е во рамки на законски предвидената казна

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Казните се драконски, ова е неправда“, реакции на адвокатите чии обвинети добија вкупно 52 години затвор

Кристијан Ландов