ВИДЕО: Град Скопје прати видео од јули за денешното прскањето против комарци

Од:

Град Скопје извести дека продолжило засилено прскање против комарци во Скопје, кое ќе траело 4 дена.

Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци денеска се изврши во раните утрински часови, а ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник). Потоа, прскањето ќе продолжи од земја и ќе се одвива во деновите од 13 август до 17 август (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден, се вели во соопштението од Град Скопје.

Но видеото кое е пуштено со соопштението како доказ за прскањето против комарците е со датум од 8 јули, оваа година, односно од пред еден месец.

По ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски