ВИДЕО: Протест за поддршка на професорите од гимназијата „Орце Николов“

Од:

Претпладнево пред СУГС „Орце Николов“, каде професорите штрајкуваат од 20 јануари, се собраа голем број поранешни ученици кои заедно со сегашните го блокираа влезот на гимназијата во знак на поддршка на своите професори.

„Ова што се случува во образованието е срамота“, велат тие.

Дел од нив носат транспаренти на кои што пишува „Je suis Orce“.

– Ние од поранешните генерерации дојдовме да ги поддржиме нашите професори зашто сметаме дека се во право. А се во право зашто не го поддржуваат овој налудничав режим и овие налудничави промени во образованието, вели Дарко Поповски, поранешен ученик во “Орце Николов“

И професорите од гимназијата не знаеле од претходно дека нивните поранешни ученици ќе се соберат за да им дадат поддршка, но велат дека тоа што денеска се случило им дава повеќе сила да истраат во штрајкот

– Јас за ова дознав утринава, кога дојдов на работа, дека некогашни ученици од „Орце“ направиле акција за поддршка. Официјално во државава не постои штрајк, но тие преку социјалните мрежи се организираа и тие покажаа дека за тие 4 години додека биле наши ученици се формирале како вистински личности и одлучиле во оваа ситуација да ни дадат поддршка да истраеме во тоа што нас, всушност, не’ натерало на ова. Ние не сме воопшто среќни што сме во ваква ситуација, постојано се јадеме и очекуваме дека ќе проработи свеста кај Министерството за образование и дека ќе почнеме да преговараме, вели за А1 он Душко Стојановски професор во „Орце Николов“.

Протесниот собир пред гимназијата се одржуваше под силно полициско обезбедување.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски