(ВИДЕО) Протест пред СПУКМ

Од:

Студентскиот пленум излезе на протест пред седиштето на СПУКМ со поддршка на Шарената револуција и на многу граѓани кои реагираат против насилството и самоволието на студентските избори.

Демонстрантите скандираат „Полициска држава“. Граѓаните на протестот носат транспаренти „Доста тепате студенти“.

Студентите велат дека ако нивните барања не се исполнат, ќе ја опструираат работата на СПУКМ и нема да ги признаваат одлуките на органите и телата при УКИМ. Понатаму, Пленумот најави порадикални чекори за почетокот на академската година.

Претставничката на Студентскиот пленум Ивана Туфекџиќ им се обрати на полицајците потсетуваќи ги на нивната должност да ги заштитат граѓаните.

Револтирани од криминалните избори за претседател на Студентскиот парламент, пленумците со јајца маваа кон просториите на СПУКМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Студенти пред СПУКМ: Кирил, отвори ја вратата!

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентски пленум упадна во СПУКМ; ги бараат украдените кутии

Емир Латифовиќ

СПУКМ: Контра правно е да се окупира универзитет и да се демонстрира незадоволство

Ана Ололовска