ВИДЕО: Пронајден насад со марихуана кај Моране

Од:

Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и акцизна стока реализира случај на недозволена трговија со марихуана при што се пронајдени и откорнати 50 стебла со височина од 140-260 сантиметри од растението „Cannabis sativa”.

По претходно добиено оперативно сознание дека во непосредна близина до реката Вардар во атарот на село Моране има насад со марихуана, СВР Скопје- ЕНТДО превзеде соодветни мерки и активности за откривање на точната локација на насадот, како и откривање на лицата кои го одгледуваат.

Откако е утврдена точната локација на насадот, изминатите две недели превземени се оперативно тактички мерки и активности (набљудување, опсервација и заседа) со цел откривање и фаќање на сторителот.

Бидејќи за тој период сторителот не е откриен, а немаше можност за превземање на други законски мерки, во консултација со ОЈО Скопје, од Истражен судија од Основен суд Скопје 1 Скопје побарана е наредба за корнење и вештачење на насадот.

Така, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕНТДО излезено е на лице место и искорнати се 50 стебла од растението „Cannabis sativa” и истите предадени се за вештачење, а од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Одделение за крим техника лице местото е фотографирано и извршен е увид.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски