ВИДЕО: Пронајден кокаин во Тетово, приведени шест лица

Од:

Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер, од 19 часот и 30 минути до 22 часот, по претходно извршен претрес во угостителски објект и плац за стари возила, во рамките на кој се наоѓал објектот, лоциран на улица „Видоја Смилевски-Бато” во Тетово, сопственост на 31-годишниот Н.С. од тетовско Шемшово, ги лишиле од слобода: 24-годишниот Љ.С., 33-годишниот С.А. од Тетово, 37-годишниот М.А. од тетовски Порој, 29-годишниот С.С., 36-годишниот С.С., двајцата од Шемшово и сопственикот на објектот, информираше портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

При претресот, реализиран со судска наредба, на различни места, биле пронајдени 25 паковки кокаин и марихуана. Приведените се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, изјави портпаролот Андреевски.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват