ВИДЕО: Промовирани нов објект на полициското одделение во Камењане и реновиран објект на Полициска станица во Тетово

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги посети новоизградениот објект на полициското одделение во Камењане и реновираниот објект на Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај во Тетово.

– Многу сум горд и задоволен сум што првиот ден од 2020 година го поминав со колегите од СВР Тетово. Објектот за полициското одделение во Камењане е целосно ново изграден со целата инфраструктура со добри услови за работа на македонските полицајци и исто за поголема безбедност во општина Боговиње. Еден дел од овој објект за полициска станица за безбедност во патниот сообраќај во Тетово е реновиран. По празниците продолжуваме со другите работи како воведување на целосно парно греење и промена на сите внатрешни врати. Четириесет години овој објект не беше реконструиран, изјави министерот Спасовски.

Освен со средства од буџетот на двата објекти се работело и со помош на донации на приватни компании.

– Двата објекти во одделението во Камењане и оваа станица се реконструирани со средства од МВР и со помош на граѓаните од Тетово и општина Боговиње со компании кои имаат општествена одговорност кои сакаат да помогнат и да вложат, а кога се вложува во македонската полиција се вложува и во безбедноста и иднината на државата, рече Спасовски.

Тој на претставниците на компаниите им додели благодарници.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он