ВИДЕО: Приведени двајца кои правеа огномет синоќа во Скопје

Од:

Огномет во угостителски објект во градскиот парк во Скопје ја вознемири синоќа јавноста во земјава. Ова се случи во денови на жалост и верчерта пред погребите на жртвите од кочанската трагедија.

Министерството за внатрешни работи информираше дека имало роденденска забава,а приведени се двајца кои го запалиле огнометот.

– На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот. Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопшението од МВР.

Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани животите ги загубија 59 луѓе кои денеска ќе бидат погребани. Во земјава е седумдневна жалост и сите настани и манфестации се откажани.

Би можело да ве интересира

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски