ВИДЕО: Приведени дилери во Скопје и Ресен, повредени се двајца полицајци

Од:

Во текот на вчерашниот ден од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за Криминалистичка полиција во соработка со Специјалната антитерористичка единица Тигар, СВР Битола, СВР Скопје и ОВР Струга беа преземени низа мерки и активности и притоа во Скопје е лишен од слобода 37-годишниот А.А. од Скопје, а во Ресен е лишен од слобода 28-годишниот Л.Г. од Струга, по обезбедени материјални докази дека се инволвирани во извршување на кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено по чл.215 од Кривичниот законик, извести МВР.

– При приведувањето, Л.Г., кој од претходно е осуден за нелегална трговија со дрога и требало да биде во казнено-поправна установа, се обидел да избега и при тоа оштетил две службени возила, а повредени се двајца полициски службеници, со што извршил кривично дело „напад на службени лица при вршење на работи од безбедноста“. Но, бил совладан и приведен, а известен е и јавен обвинител од ОЈО Битола, соопшти МВР.

– Л.Г. и А.А. заедно со Б.П. (36) и С.Д. (кои се претходно приведени и одредена им е мерка притвор) договориле купопродажба на 490 грама марихуана, која ја извршиле на 14.09.2022 во близина на Катлановска бања. Истиот ден полициски службеници на наплатната станица Сопот сопреле возило „фиат пунто“, управувано од С.Д. при што во возилото е пронајдена дрогата. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје поради извршено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено по чл.215 од Кривичниот законик, додаде МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас