ВИДЕО: Притвор за гостиварецот кој ќе прегазеше полицаец, во обид да му избега

Од:

Гостиварецот кој ќе прегазеше сообраќаен полицаец во обид да избега со автомобил, доби осум дневен притвор. Мерката ја определи судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар, по барање на јавен обвинител. Ова доаѓа на еден ден откако против 49-годишниот маж, МВР поднесе кривична пријава за напад на службено лице при вршење работи од областа на безбедноста, што е казниво со Кривичниот законик.

„Тој денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на притворот. Осомничениот И.Б. вчера (24 април) околу 17 часот и 10 минути, на улица ‘Браќа Ѓиновски” во Гостивар, нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија од областа на сообраќајот, по што И.Б.беше лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот“, велат од МВР за „А1он“.

На гостиварецот ќе му се суди откако Обвинителството ќе поднесе обвинение до судот, а по прибирање на целиот доказен материјал.

Инаку, инцидентот се случи вчера во центарот на Гостивар. Возачот наместо да застане и ги испочитува наредбите од службеникот, тој се обиде да му избега, а полицаецот трчаше по возилото за да го застане. Од видеото се гледа дека откако еден од службениците успева да го стопира возилото трчајќи по него, го вади возачот од внатре, по што е приведен. Во настанот, нема повредени.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он