ВИДЕО: Прилепчанка продава куќа на бугарски писател за минимум 100.000 евра, желба и е да ја купи Бугарија

Од:

Наследниците на родната куќа на бугарскиот писател Димитар Талев која се наоѓа во Прилеп, бараат од бугарските политичари и државници да го купат објектот и да ја зачуваат како бугарско наследство.

– Моја најголема желба е куќата на Димитар Талев да стане бугарска, да стане културен дом на Бугарија. Не можам да разберам зошто Бугарија спие. Можат и плакета да стават, ама Бугарија мора да е држава. Да се покаже во светло на вистинска држава и да се поклони пред случајот со Димитар Талев. Нека се врати таму каде што почна – вели во интервју за БГНЕС Снежана Аческа, актуелна сопственичка на куќата на Димитар Талев во Прилеп.

Таа станала сопственик на куќата откако починал нејзиниот сопруг кој бил законски сопственик. Аческа се жали дека имала сериозни проблеми со куќата откако со семејството ја избркале оттаму.

– Нашата земја не избрка, кон која повеќе не се чувствувам како во земја во која сум родена и поради одредени луѓе се каам што сум родена.Моите проблеми се големи. Мојот сопруг почина тажен затоа што го избркаа од куќата каде што е роден и тоа многу е тешко. Нема да кажам кој не избркал – јас кажав каде што треба.Тој човек е во затвор во моментов и му посакувам да остане таму до крајот на својот живот. Целта беше да ја земе и тој да ја продаде.Не дозволив тоа да се случи, брзо реагирав и сето ова беше прекинато – вели таа.

Најголема желба и била куќата да биде бугарска и да стане културен дом на Бугарија.

– Тука се наметнува уште еден проблем: прашувам каде е Бугарија? Не можам да разберам зошто Бугарија спие. Го повторувам со години: Смешна е сумата за држава, а државата да не води сметка да собере минимум 100.000 евра за куќа со 10 соби, која може да се претвори и во хотел – рече Аческа.

Таа очекува бугарските власти да го забрзаат процесот затоа што куќата се распаѓа и ако нема кој да ја одржува како што тоа го правела десетина години наназад.

Извор: БГНЕС

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он

Барање за подготвителна постапка против малолетник за убиството на дете во Прилеп

Детали за вчерашното убиство во Прилеп: Уапсени се малолетник и 21-годишно момче

Горан Наумовски

Свирепо убиство во Прилеп: Младо момче избодено до смрт

Катерина Ѓуровски