ВИДЕО: „Придружете ни се за жртвите кои засекогаш го променија нашето општество“ – Марш на ангелите в сабота во Скопје

Од:

„Марш на ангелите“ во Скопје в сабота организираат семејствата на жртвите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, а во пресрет на почетокот на судењето закажано за 19 ноември.

– Го упатуваме овој повик до сите граѓани, родители, млади, пријатели и поддржувачи – да ни се придружат во тивок и достоинствен марш, во чест на 63-те ангели и сите повредени кои засекогаш го променија нашето општество. Да бидеме заедно, рамо до рамо: за да не се заборави, за да не се повтори, за да има вистинска правда, се вели во повикот за настанот кој го организира здружението „16 март 2025“.

Ова ќе биде 30. „Марш на ангелите“ на родителите и блиските на жртвите во „Пулс“. Тие марешвите ги организираат секоја сабота во Кочани, еднаш беа и во Скопје.

Би можело да ве интересира

Вештак на судењето за „Пулс“: Документацијата за дискотеката била делумна и немала правна важност

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае