ВИДЕО: Презентазија на препораките од проектот за зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупција

Од:

Развој на постојните стандардни оперативни процедури за истрага на финансиски и комјутерски криминал, развој на меѓуинституционална соработка во областа на организираниот криминал, подготовка на акциски план за сајбер безбедност,… се дел од препораките кои произлегоа од имплементацијата на проектот „Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупција“, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на презентацијата на проектните резултати од Компонентата 2 од проектот.

– Проектот ја пружи својата поддршка преку ангажирање експерти за спроведување активности како дел од владиниот план 3-6-9, кои не беа првично предвидени со договорот како што беше примерот со подготовката на националната стратегија за финансиски истраги и акцискиот план за нејзина имплементација, истакна Спасовски и додаде дека успешната имплементација на проектот ја постигна целта, а тоа е зајакнати капацитети на институциите.

Порача дека препораките ќе бидат сериозно земени во предвид, во идно постапување, особено во идниот процес на програмирање на проекти кои ќе бидат финансирани во рамките на ИПА програмата.

Во однос на Компонентата 1, заменик министерот за правда Оливер Ристовски рече дека проектот е значаен во делот на зајакнување на ефикасноста на правосудните институции за спроведување на Законот за сериозен и организиран криминал. Тој посебно ја истакна помошта на експертите кои го поддржале изменетиот Закон за заштите на укажувачите.

– За да се промовира културата на одговорност и интегритет и за да се охрабри пријавувањето на несоодветното однесување, измама и корупција, беше обезбедена експертска поддршка. Поддршката се однесува на изработката на стратегија за подигање на јавната свест за промовирање на укажувањето како и програма за обука на јавните службеници, вработените, работодавачите, правните експерти и новинарите, истакна Ристовски.

Информираше дека една од целите на проектот е и зајакнување на индивидуалните вештини и способности на обвинителите да се справат со информациите и успешно да ги водат предистражните постапки за финансиските и кривични дела поврзани со корупција. Ова, рече тој, е делот насочен кон зајакнување на капацитетите на Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување корупција, Агенцијата за менаџирање со одземен имот и др.

Според Јаромир Левичек од делегацијата на ЕУ проектот помогнал да се подобрат техничките и оперативните капацитети на агенциите кои работат во борба против организираниот криминал и корупцијата.

– Проектот се фокусираше на обезбедување помош за Агеницијата за управување со одземен имот и тоа дојде во вистински момент. Конфискацијата на незакокнски стекнатиот имот е висок приоритет во агендата на ЕУ. Експертите работеа на подобрување на законската рамка за конфискацијата со цел да се удрат криминалците таму каде што најмногу ги боли, рече Левичек.

Проектот кој е финансиран од ЕУ и се спроведуваше од 2016 до 2018 година, обезбедува поддршка на релевантните институции во унапредување на нивните технички капацитети и зголемување на оперативната ефикасност за сузбивање сериозен и организиран криминал и корупција. Од клучно значење, според корисниците на проектот, е сузбивање на структурите на организираниот криминал е можноста за замрзнување, запленување и конфискување на приходите од криминал.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он