ВИДЕО: Претреси на повеќе локации во Скопје, пронајдени оружје и муниција, четворица приведени

Од:

Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, истовремено се извршени претреси на шест локации во домови на лица осомничени за кривични дела „убиство“ и „предизвикување општа опасност“, при што лишени од слобода се четири лица, и тоа 31-годишниот И.А., 20-годишниот Н.А., 27-годишниот А.Р. и 40-годишниот Б.Ш., сите од Скопје, извести МВР.

– При претресите извршени кај И.А. во с.Визбегово, скопско, кај Г.М.(31), кај А.Р. и кај Б.З.(31), тројцата на подрачјето на Чаир, кај Н.А. на подрачјето на Бит Пазар и кај Б.Ш. на подрачјето на Аеродром, биле пронајдени и одземени пиштол и рамка со 14 куршуми, пиштол „Астра“ калибар 6,35 мм и рамка со 5 куршуми, пиштол „Смит и Весон“ калибар 9 мм и 2 рамки со 32 куршуми, пиштол „глок“ калибар 9 мм и рамка со 17 куршуми, дрон со мемориска картичка и контролор за летање и други предмети поврзани со кривични дела, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Четирите лица се приведени во полициска станица, а за Г.Б. и Б.З. е пуштен централен распис. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следуваат поднесоци.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ