ВИДЕО: Претрес во тетовска Шипковица, пронајдена поголема количина оружје и муниција, еден уапсен

Од:

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово, на улица „Полог”, лишен е од слобода 34-годишниот У.М. од тетовска Шипковица, извести МВР.

– При преглед на патничко возило „опел астра” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена една автоматска пушка и 50 куршуми “Лугер” калибар 9 мм, соопшти МВР.

– При претрес, извршен со наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, во неговиот дом се пронајдени 237 куршуми калибар 9мм, поголема количина на муниција од различен калибар, пиштол „Црвена застава” 7.62 мм со рамка со куршуми, пиштол „Глок 17″ со рамка со куршуми калибар 9 мм, гасен пиштол, еден топовски удар, една полоавтоматска пушка “Кхан Армс” со 5 патрони, се додава во соопштението на МВР.

Од страна на СВР Тетово во текот на утрешниот ден до надлезното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ