ВИДЕО: Претрес во Скопје, пронајдени пиштол и муниција

Од:

Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода 43-годишниот И.Ч. од Тетово, со живеалиште во Скопје, извести МВР.

– При петрес во домот во кој живее, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Browing“ со 12 куршуми калибар 7,65 и рамка за пиштолот, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ