(ВИДЕО) Правда за Кочани и убијци се скандираше на денешниот „Марш за ангелите“ пред Собранието на Македонија

Од:

Во организацијата на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“, денеска, со почеток во 12.05 часот се одржa 30. протестен марш „Марш за ангелите“. Семејствата на загинатите и граѓаните бараат правда за Кочани во пресрет на почетокот на судското рочиште за најголемата трагедија во поновата македонска историја. Според обвинителниот акт, во предметот Пулс, 34 физички и три правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност.

Маршот започна од плоштадот „Македонија“, а продолжи кон Собранието на Македонија.

„Правда за Кочани“ и „убијци“ се скандираше пред Собранието на Република Македонија.

Борјан Ефтимов од „Кој е следен?“ ги повика пратениците како што знаат да се соберат и итно да изгласаат мерки кои се за нивно лично или партиско добро, сега додека расправаат за Буџетот за идната година да се сретнат со семејствата на загинатите во Кочани и да донесат и мерки кои ги опфаќаат овие луѓе кои цела држава ги остави сами.

Потоа граѓаните се упатија кон Јавното обвинтиелство, а маршот ќе заврши пред Основниот кривичен суд.

Би можело да ве интересира

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Марковски: Инспекторите можеле и морале да ја затворат „Пулс“ поради незаконските зафати

Горан Наумовски

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски

„Пулс“ нелегално бил пренаменет од индустриски објект во дискотека, Општината требало да реагира