ВИДЕО: Пожарот во селото Рамне ја зафати црквата, гробиштата и неколку куќи

Од:

Пожарот кој избувна кај фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во Самоков вчеравечер се проширил во правец на село Рамне каде што изгорел дел од црковниот двор со гробиштата, дел од мензата и дел од камбанаријата.

– На 07.07.2025 во ОВР Македонски Брод е пријавено дека во с.Рамне, Македонски Брод, има пожар, кој се шири кон с.Зркле, при што од огнот биле зафатени дел од камбанаријата на црквата во с.Рамне и гробиштата, како и неколку куќи. Пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово гасење – потврдуваат од МВР.

До 12:30 часот регистрирани се 10 пожари на отворен простор, од нив активни се девет, а еден е локализиран, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, активни се пожарите во општина Прилеп – с. Бешиште (приземен во мешана шума), општина Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (дабова шума и грмушки), општина Македонски Брод 2 – с. Самаково (лесно запалив материјал), општина Велес – поранешна фабрика Порцеланка (ниска вегетација), општина Чашка – под Солунска Глава, Изворите на Бабуна – Бабина Дупка (само чад во карпест предел), општина Пробиштип – с. Петршино (ниска вегетација и стрниште), општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација), општина Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија) и општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума).

Локализиран е пожарот во општина Делчево – Градска депонија (депонија).

Би можело да ве интересира

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати

ВИДЕО: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите

Катерина Ѓуровски