ВИДЕО: Пожарот во Чучер-Сандево е подметнат, имало обид утрово повторно да се разгори, вели Ангелов

Од:

Со два хеликоптери на МВР се гасне пожарот меѓу селата Блаце и Чучерв о Општина Чучер Сандево. Непристапноста на теренот, како што информираат од ЦУК го отежнува гаснењето на пожарот.

– Денеска, од самите утрински часови, два хеликоптери од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, Бел 412 и Агуста бел 212 интензивно учествуваат гасење на пожарот кај Чучер- Сандево. Досега се исфрлени преку 70 тони вода, информираше МВР.

Пожарот е најверојатно подметнат, а се соменваме дека утрово имало обид да биде повторно разгорен, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

– Утрово, пожарот е под контрола, но пожарникарите наидот на дрвени палети полиени со бензини фрлени во смреки. Не е точно дека б

Пожарот гори веќе трет ден и создава проблеми за околното население. Противпожарни единици, како и доброволци и механицација на дел од скопските оптини учествуваат во гасењето.

Синоќа, на социјалните мрежи, грашаните објавуваа видеа со панични повици за помош. Чадот и огнот се гледаа и од центарот на Скопје и од другите населби.

Волонтерите на Црвениот крст и денеска се активно ангажирани на терен, обезбедувајќи поддршка во справувањето со пожарот кој беснее во регионот.

-Со несебична посветеност, тие учествуваат во логистичка поддршка и асистенција на службите за заштита и спасување. Нашите базени се ставени на располагање за полнење со вода на хеликоптерите, што значително го забрзува процесот на гасење и овозможува навремена интервенција во најпогодените подрачја, се наведува во соопштението од Црвениот крст.

Оттаму посочуваат дека Црвениот крст е целосно мобилизиран и подготвен да одговори со дополнителна помош и ресурси, доколку е потребно.

Покрај овој пожар, во земјава се активни уште шест информира ЦУК.

– Активни се вкупно седум пожари на отворено, еден е локализиран и еден е под контрола, а изгаснати се 23, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активните се пожарите во Општина Прилеп – с. Бешиште (приземен пожар во мешана шума), Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), Општина Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина дупка (само чад, карпест терен), Општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација), Општина Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија), Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) и Општина Крива Паланка – с. Жидилово (борова шума), се вели во последното соопштение од Центарот за управување со кризи.

Поради пожарот, синоќа беше затворен граничниот премин Блаце, МВР утрово информираше дека од 9 часот, преминот е повторно отворен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарот во селото Рамне ја зафати црквата, гробиштата и неколку куќи

Пожар избил синоќа во кругот на болницата во Битола

Под контрола пожарот во Геге и дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, пациентите и персоналот евакуирани

Катерина Ѓуровски

Пожарот кон преминот „Блаце“ е со голем интензитет, испратен хеликоптер на МВР

Катерина Ѓуровски

50 армиски и полициски возила пренаменети за борба со шумските пожари

Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка