ВИДЕО: Пожарот кај Бељаковце се разгорува, гори и кај Ваксинце

Од:

Пожарот во Старо Нагоричане е активен во атарот на с Бељаковце и под дејство на ветрот се разгорува информираше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

– Овој крак не успеавме да го изгаснеме и покрај дејствувањето на полицискиот хеликоптер кој се повлече поради тоа што веќе не се гледа. Ќе се обидеме со пожарникари да се пробиеме и да го изгаснеме, но не сум оптимист изјави директорот на ЦУК.

Англеов информираше и дека кај Ваксинце има да пожар од кој едниот сериозен. Гори голема површина со трева.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати