ВИДЕО: Пожар во Злокуќани, зафатени се неколку куќи

Од:

Пожар избувна вечерва во куќа на улицата „Скупи“ во општина Карпош, Скопје, нформираат од Центарот за управување со кризи.

Од Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК), побарано е итно исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа, со цел да се овозможи безбедна интервенција на екипите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ).

Според првични и неофицијални информации, освен првично зафатената куќа, пожарот се проширил и на уште три соседни куќи. Пожарникарските екипи се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнената стихија.

Во моментов нема информации за повредени лица. Надлежните институции ќе извршат увид откако ќе биде целосно изгаснат пожарот, а причините за неговото избувнување дополнително ќе се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола

Нема активни пожари, а еден е под контрола – кај село Белица и Јасен

Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он