ВИДЕО: Пожар во подземни гаражи на Градски ѕид

Од:

Голем пожар избувна кај подземните гаражи кај Градски ѕид, позади централните простории на Алфа банка, кај Зелено пазарче.

Четири  против пожарни возила  од надворешна страна , преку отворите за гаражите,  се обидуваа да го изгаснат пожарот.

Неофицијално, огнот избувнал откако вработени во некоја фирма во подрумот нешто  заварувале . Според насобраните граѓани, откако пожарот избувнал, вработените веднаш избегале.

Во гаражите инаку живеат бездомници, но и дел од пазарџиите тука , во изнајмени простории ги чуваат производите.

Во пожарот нема повредени, изјави командантот на Протипожарната единица Благоја Менковски и информира дека се уште нема информации што е причината за неговото избувнување и колкава е материјалната штета. Пожарот е ставен под контрола.

 

Еве што регистрираше камерата на А1.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје