ВИДЕО: Пожар во куќа во Мичурин

Од:

Пожар избувнал денеска во напуштена куќа во Мичурин, на улица Симеон Каврахиров. Командантот на противпожарната бригада Звонко Томески изјави дека пожарот е локализиран и дека во моментов пожарникарите ги расчитуваат остатоците.

– Интервенирано е со две возила и шест пожарникари, рече Томевски, кој вели дека засега не се познати причините за избувнување на пожарот.

Истовремено, пожарникарите денеска интервенираат во пожари над селата Моране и Булачани, каде, како што објаснува Томески, гори нискостеблеста шума. Испратена е по една екипа да ги гасне пожарите кои се на непристапен терен.

– Над село Булачани гори нискостеблеста шума и остатоци од сечени дрвја. Иако е тоа надлежност на Национални шуми нив таму ги нема, вели Томески.

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија