ВИДЕО: Пожар во фабрика во Виница, позната по брендот „Винчини“

Од:

Голем пожар изби во фабриката „Макпрогрес“, позната по брендот „Винчини“.

Пожар избил попладнево во фабриката „Винчини“ во Виница, кој зафатил неколку производни погони, информираат од Центарот за управување со кризи.

-Денес, во 18:40 часот, во Центарот за управување со кризи преку бројот Е-112 е добиена пријава за пожар во фабриката за кандирани производи и вафли „Винчини“ во Виница. Пожарот избувнал во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката. На терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари, наведуваат од ЦУК.

До градоначалникот на Виница, се додава, е дадена насока да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини.

-Веќе се вклучени ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите свои капацитети и ресурси, а поддршка е побарана и од Општина Македонска Каменица и Штип. Доколку биде потребно, ќе се ангажираат сили и од други општини, се наведува во соопштението

Со оглед на тоа дека станува збор за специфичен урбан пожар, неопходно е ангажирање исклучиво на професионални пожарникари, стои во извештајот од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви