ВИДЕО: Пожар над Битола

Од:

Пожар избувна вчера попладне над Битола на ридот над магистралниот пат Прилеп-Охрид, јави телевизија Тера.

Опожарена е тревната површина веднаш после тунелот по патот над Битола, а на терен интервенираше една екипа од Противпожарната единица на Битола.

Подоцна испратена е уште една екипа.

Командирот на противпожарната единица Костадин Поповски за телевизија Тера изјави дека не се точни информациите дека била запалена куќа, туку дека е настанат пожар на трева на истото место каде пред некоја година гореше ридот над патот.

Според информациите од терен, пожарот неофицијално настанал од запаленото ѓубриште кое често го има во овој дел и заради ветерот кој попладнево дуваше во Битола, лесно и одма се проширил на ридот.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип