ВИДЕО: Повторно зголемен број на „болни и изнемоштени“

Од:

Рекордниот број болни и немоќни лица од првиот круг изгледа повторно ќе биде адут и во вториот изборен круг. Партиите од опозицијата потврдуваат дека се пријавени зголемен број на вакви лица кои според законот треба да гласаат во сабота. После првиот круг, освен што граѓанската асоцијација МОСТ предупреди на овој случај никој не се огласи со информација со какво образложение гласале овие лица.

Според законот болно и немоќно лице е она кое не може да ги врши основните животни потреби, лице кое е целосно слепо, неподвижно, заболено од дистрофија или сродни мускулни или нервно мускулни заболувања, церебрална или детска парализа и параплегија.

Од МОСТ предупредија дека драстично големиот број на болни во првиот круг, лица кои гласале од дома ја доведе во прашање тајноста на гласањето.

Порталот НОВА има документи од лекар од Велес кој на едно лице му издал уверение дека боледува од тешка болест. Утредента лицето е фотографирано како слободно и без никакви проблеми се шета низ улиците.

Извори на А1он информираат дека во првиот круг, како изнемоштено и болно лице, дома гласала жена која што истиот ден си ја подигнала новата лична карта. Значи боледувала од тешка болест или била неподвижна, а сепак можела да оди до МВР и да ја подигне новиот валиден документ за гласање.

Опозицијата укажува и предупредува дека ќе направи проверка за да не може и на ваков начин да се фалсификува гласот на народот.

Фото: novatv.mk

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“